Со многу малку калории, ѓумбирот е ароматичен и пикантен, кој притоа има моќни антиоксидантни својства кои значително го забрзуваат метаболизамот. Лукот има антивоспалителни својства и е богат со витамини и минерали.

А што се однесува до чудесното кисело млеко, истото е богато со хранливи својства кои неверојатно многу ќе го подобрат метаболизамот, ќе ве заситат и ќе ви помогнат да ја добиете посакуваната фигура.

Комбинирани заедно, овие состојки создаваат еден моќен напиток, кој ќе ви помогне експресно брзо да ги стопите масните наслаги и вишокот килограми и притоа ќе ви помогне да ги спречите гасовите.

Моќен напиток за експресно слабеење

Потребни состојки

  • 6 чешниња лук
  • 2 цм корен од ѓумбир
  • 1 сува црвена чили пиперка
  • Половина кафена лажица семиња од кумин
  • Половина кафена лажица масло
  • 3 шолји кисело млеко
  • 2 чаши вода
  • 2-3 супени лажици кокос, за по пријатен вкус

Начин на подготовка

Во тава загрејте го маслото, а потоа додадете ги семињата од кумин. Оставете ги да се готват. Следно, додадете ги изренданиот ѓумбир, лукот и сомелената чили пиперка. Гответе минута време, а потоа исклучете го оганот.

Добиената смеса префрлете ја во блендер или изматете со миксер. Додадете ги кокосот, солта и малку кисело млеко. Добро сомелете и измешајте ги сите состојки заедно, до добивање соединета смеса.

Добиената течност исипете ја во сад, а потоа додадете го и преостанатото млеко. Додадете вода и добро измешајте. Вашиот напиток веќе е готов!

Може веднаш да го консумирате или да го складирате во ладилникот и да го пиете изладено и кога и да посакате.