Најверојатно сте забележале на старите пожолтени фотографии дека во минатото, бабите имале навистина долга и густа коса.

Денес, за разлика од тогаш, употребуваме бројни средства кои и не се толку корисни за нашата коса, бидејќи во поголемиот дел од времето, повеќето ја оштетуваат, отколку да ја подобруваат.

За таа цел, како да го негувате и зајакнете здравјето на вашата коса, денес ви претставуваме стар бабински рецепт за здрава и блескава коса.

Стар бабински рецепт за совршена коса

Потребни состојки

  • 1 супена лажица тегавец
  • 250 мл вода

Начин на подготовка и употреба

Додадете 1 супена лажица тегавец во 250 милилитри врела вода и оставете смесата да се вари дополнителни 1-2 минути. Потоа, почекајте да се излади.

Со помош на памучен туфер за шминкање, нанесете ја добиената смеса со триење во корените на вашата коса. Добро исчешлајте ја косата и оставете го растворот да дејствува 1-3 часа.

На крај, измијте ја вашата коса со шампон, на вообичаениот начин. Практикувајте го третманот еднаш неделно, најдобро во текот на викендот.