Овие мини банички со јаболка ќе ве освојат уште при печењето, кога ќе започне да се шири нивната чудесна арома, а потоа и со нивната мека и сочна внатрешност, исполнета со вкусен фил.

Мини јаболкови штрудли

Потребни состојки

  • Половина кг кори за пита
  • Стопен путер
  • 5-6 јаболка (1 кг)
  • 1 кафена лажица цимет
  • 8 супени лажици шеќер
  • 2-3 супени лажици гриз
  • Малку ванилин шеќер

За премачкување на корите

  • 2 супени лажици минерална вода
  • 2 супени лажици масло за готвење
  • Шеќер во прав

Начин на подготовка

Излупете ги јаболката и изрендајте ги. Потоа кон истите додадете ванилин шеќер и оставете ги малку да отстојат, додека не пуштат малку сок. Следно, нежно исцедете ги, така што ќе останат сочни.

Во еден сад измешајте ги сувите состојки: Шеќерот, гризот и циметот.

Земете една кора, нанесете од растопениот путер и 1-2 лажици од претходната добиена сува смеса.

Следно одозгора поставете ја и втората кора и повторете ги чекорите со путерот и сувата смеса, а потоа додадете малку од филот со јаболка. Свиткајте ги двете кори во форма на ролат и поставете ги во сад за печење, со претходно премачкана површина.

Пригответе ги на истиот начин и следните кори.

Готовите штрудли одозгора премачкајте ги со растопен путер, минерална вода и поставете ги да се печат во загреана рерна на 180°C, додека да ја добијат потребната златна боја.

Пред да ги сервирате, одозгора нанесете шеќер во прав измешан со ванила.

Кулинарски предлог: Доколку посакувате штрудлите да бидат уште повкусни, тогаш во филот може да додадете ореви или суво грозје.

Пријатен апетит!