Само пред неколку часа во јавноста беше откриено дека најблиската советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Хоуп Хикс е заразена со коронавирус. Дамата, која често го користела претседателскиот авион, веднаш е ставена во карантин.

Но, сепак ова не беше доволно заразата во Белата Куќа да се стави под контрола, при што ова утро, светските медиумски агенции соопштија дека и Меланија и Доналд Трамп сега се позитивни на коронавирусот.

Веста ја потврди и самиот претседател на Твитер, кој напиша: „Оваа вечер, јас и првата дама се тестиравме и сме позитивни на КОВИД-19. Веднаш ќе бидеме ставени под карантин и интензивно ќе започнеме да се лекуваме. Со ова ќе се справиме ЗАЕДНО!“

Веста брзо се прошири во светската јавност, веднаш што беше објавено дека Хопус, која постојано го следеше Трамп на патувањата, е позитивна на вирусот.