Уште од антиката медот и лукот го нашле своето посебно место во лекувањето на различни болести или моментални болки, подобрување на целокупното здравје, а според некои тие се дел од тајната на долговечноста. Разгледани одделно тие имаат голем број здравствени придобивки и содржат важни хранливи елементи како витамини, минерали. Но, погледнете какви придобивки Ви обезбедуваат кога се во комбинација.

Го штитат срцето

За да се грижиме за здравјето на срцето важно е како се храниме, дали имаме редовна физичка активност. Прочистувањето на крвните садови е исто така важно за срцевата функција, а и го намалува ризикот од некои компликации. Потрошувачката на мед и лук помага за прочистување на крвните садови и одржување на добра срцева функција.

Го лекува воспалението на грлото

Медот и лукот имаат благотворно дејство врз воспаленијата, затоа се и добри при уништувањето на инфекциите во грлото. Освен тоа брзо го намалуваат нерасположението и помагаат за намалување на инфекциите, на тој начин побрзо се оздравуваме кога сме со настинка.

За комплетна детоксикација на организмот

Комбинацијата од мед и лук е природно средство за детоксикација. Нивниот редовен прием ќе му помогне на организмот да елиминира голем дел од токсините. Исто така ова е добар природен начин да се стабилизира нивото на холестеролот во крвта, но и да го подобрите метаболизмот.

Помага при дијареја

Со помош на оваа комбинација може да го подобрите варењето и да намалите некои инфекции. Ако страдате од дијареја, обидете се со мед и лук. Овие корисни антибактериски храни имаат широк спектар на дејство.

При сува кашлица

По болките во грлото, медот и лукот можат да ја олеснат и сувата кашлица. Комбинацијата помага за елиминирање на секретот и го отстранува воспалението. Ако страдате од настинка, исто така може да си каснете мед со лук.

За јакнење на имунитетот

Комбинацијата од мед и лук помага за зајакнување на имунитетот. Исто така, ако јадете за време на настинки, оваа комбинација помага за побрзо закрепнување на организмот.