За денес ви откриваме стар рецепт за домашна и ефикасна маска за подмладување на кожата, која дури била редовно употребувана од членовите на британското кралско семејство.

Домашен третман за совршена кожа

Најдобро е овој домашен третман да го правите пред спиење, бидејќи токму за време на спиењето, кожата се обновува интензивно и се регенерираат нејзините клетки, притоа ефектот може да го забележите веднаш следното утро.

Ќе ви бидат потребни 4 шолји

Во првата шолја, измешајте 2 супени лажици овесна каша и 2 супени лажици маслиново масло.

Во втората шолја, изрендајте мало јаболко без неговата кора, а потоа додадете 1 кафена лажица сок од лимон и течен мед и добро измешајте.

Во третата шолја, измешајте 100 мл кисело млеко и 1 кафена лажица морска сол.

Во четвртата шолја, подгответе чај од камилица.

Начин на употреба

Нанесете ја смесата од првата шолја на претходно исчистено лице, врат и деколте. Масирајте ја кожата со нежни движења. Оставете ја маската да отстои 5 минути.

Без да ја миете овесната каша од лицето, нанесете ја смесата од втората шолја врз кожата. Повторно масирајте го вашето лице, а потоа оставете ја маската да отстои 5-7 минути.

Следно, употребувајќи памучен туфер потопен во смесата од третата шолја, отстранете ја маската од лицето. И како претпоследен чекор од третманот, избришете ја кожата со памучен туфер потопен во киселото млеко и морската сол.

На крај, целосно измијте го лицето со чајот од камилица.

По домашниот третман ќе забележите дека вашата кожа изгледа неверојатно: Мазно, навлажнето и беспрекорно. Порите ќе се намалат, лицето ќе се зацврсти, а брчките ќе станат помалку видливи.

За да го зајакнете ефектот на домашната маска, практикувајте го нејзиното нанесување 2 пати неделно, во временски период од 2 месеци.