Дали некогаш сте пробале мариниран кромид? Ако не, сега е вистинското време! Едноставно треба да наполните неколку тегли со овој зеленчук и уште неколку минимални состојки – подготовка која ќе ви одземе неколку минути, а ќе добиете неодолив вкус!

Мариниран кромид во оцет

Дали некогаш сте пробале мариниран кромид? Ако не, сега е вистинското време! Едноставно треба да наполните неколку тегли со овој зеленчук и уште неколку минимални состојки - подготовка која ќе ви одземе неколку минути, а ќе добиете неодолив вкус!
Оброк: Прилог
Кујна: Балканска
Клучни зборови: мариниран кромид, кромид
Порции: 4

Состојки

  • 500 гр црвен кромид
  • 250 мл вински оцет
  • 140 гр шеќер

Начин на подготовка

  • Најпрво излупете го кромидот (може да земете и бел кромид). Потоа исечете го кромидот на полумесечини и поставете го во теглите.
  • Во одделно тенџере, исипете го оцетот, додадете го и шеќерот и поставете ја смесата на оган. Може да додадете каранфилче, неколку зрна црн пипер или дури ловорови листови. Но, и без овие состојки, маринадата ќе биде одлична и вкусна!
  • Оставете ја маринадата да зоврие, а потоа полејте го кромидот со врелата маринада.
  • Изладете ја теглата до собна температура и складирајте ја во ладилникот.
  • Тоа е сè!