Зарем има нешто подобро во мрзеливото празнично утро од куп меки пржени мекици за појадок? Денес за вас имаме специјален рецепт, благодарение на кој мекиците ќе останат неверојатни меки и следниот ден.

Раскошните мекици на мама

Потребни состојки

  • 2 јајца
  • 250 гр кисело млеко
  • 250 мл пресно млеко
  • Прстофат шеќер
  • Прстофат сол
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 25 гр свеж квасец
  • 1 кафена лажица сув квасец
  • 800 гр брашно

Начин на подготовка

Најпрво измешајте ја содата со киселото млеко и оставете ја така да отстои неколку минути. Пресејте го брашното на работната површина и направете вдлабнатина во неговата средина. Додадете ги сите состојките токму во средината и замесете меко, нелепливо тесто.

Преместете го тестото во голем сад, а истиот завиткајте го во памучна крпа и така оставете го тестото да отстои 1-2 часа. Загрејте масло во тавата и намачкајте ги и вашите раце со малку масло, притоа започнете да раскинувате поголеми парчиња од тестото и истите испржете ги.

Пријатен апетит!