Изневерувањето на партнерот зависи од голем број фактори. Промени во животот или врската, промена на животната средина, исцрпувачка работа или потребата од авантура се само некои од ситуациите што можат да доведат до ваква непријатна ситуација.

Но, според астролозите, некои хороскопски знаци се повеќе склони кон неверство од останатите, а оваа нивна потреба лежи токму во нивната природа. Еве кои 2 хороскопски знака најмногу ги изневеруваат нивните партнери:

1. Јарец

Јарците се неверојатно лојални и во повеќето случаи остануваат верни. Сепак, овој хороскопски знак може многу да се промени со текот на времето, а тоа може да влијае на нивната врска. Јарците во текот на целиот свој живот сакаат да постигнат голем успех во кариерата и да обезбедат удобен живот. Додека не го постигнат тоа, сè друго во нивните животи е во втор палн. Доколку немаат поддршка од партнерот на тој пат кон постигнување на нивните цели, Јарците веројатно ќе прибегнат кон неверство. Она што е специфично за овој знак е дека физичкото неверство не им е толку важно, туку емотивното и тоа најмногу ги повредува луѓето со кои се во врска.

2. Водолија

Иако припаѓаат групата на постабилните знаци, секогаш привлечната Водолија е неверојатно чувствителна во текот на кризата во средните години, можеби повеќе од кој било друг хороскопски знак. Потребна им е голема возбуда во животот, а кога истата ќе им недостасува, ќе почнат да ја бараат на страна. За да спречите Водолија да ве изневери, важно е да го задржите нејзиниот интерес. Потребна им е свежина и авантуристички дух во врската за да не залутаат.