Луѓе споделуваат „непишани“ правила во нивните земји за кои странците ретко се информирани

Одење во странство и истражување на нова земја е збогатување на искуството. Ги отворате очите за нови култури и се обидувате да гледате на се` како што би сакало локалното население. Од друга страна, однесувањето што го сметате за нормално во вашата татковина може да се гледа како грешка на друго место.

За да добие идеја како да избегнете такви ситуации, корисникот на Alexandervz праша што треба да знаат туристите пред да посетат одредени земји. Интернет корисниците не разочараа и ги споделија непишаните правила во нивните земји.

  • Во Куба често изгледа како да нема ред за чекање, но има. Кога ќе пристигнете некаде прашувате “el ultimo?” и кој е последен во редот крева рака. Сега вие сте сте „el ultimo“ и само знаете кој е пред вас. Во меѓувреме, можете да седнете во сенка додека чекате.

  • Скандинавија – Не зборувате за религија. Религиозен си? Добро за тебе, но тоа не е ништо за покренување дискусија.

 

  • Не се обидуваме да бидеме груби, едноставно не правиме празни муабети. – Финска

 

  • Кина: Не купувајте традиционална кинеска свилена облека и од продавница (колку и да е убава). Тие алишта се наменети за мртви луѓе. Немате поим колку ужасно е да се види странец што ги носи и шета по улица.

  • САД … ќе разговараме со вас. Сакаме да разговараме со странци затоа што понекогаш води до пријателства. Откако ќе го слушнеме вашиот акцент ќе имаме милион прашања за вашата земја. Некои ќе изгледаат неуки, некои едноставно ќе бидат смешни.

 

  • Јужна Италија:Биди гласен.  Што и да ви треба, повеќето луѓе би сакале да ви помогнат, но обично немаат поим како да комуницираат со вас. Осигурајте се дека го цените напорот, без разлика колку е несмасен. И момците и девојките се поздравуваат со бакнеж во двата образи. Не постои личен простор. Ако ви се случи да ви готви мајката или бабата на некој пријател, бидете сигурни дека ќе и дадете комплимент и јасно ќе кажете дека никогаш не сте имале таков неверојатен оброк од каде и да сте (има  шанса што всушност може да биде вистина).Ако сте во клуб, немојте да им пристапувате на девојките, освен ако навистина не знаете што правите. Момците имаат тенденција да бидат заштитнички настроени со девојките што „припаѓаат“ во нивната група. Ако си девојка, ќе ти се додворуваат. Обидете се да не бидете премногу груби и само кажете „не“. Ние носиме чевли во куќата, освен ако не се дружите со помлади луѓе (тогаш сосема е во ред да ги соблечете чевлите). Може да пиете каде и да посакате. Не носете бели чорапи со сандали, ќе ви се смеат. Или носете чевли или сандали без чорапи.

  • Јас живеам во Кореја. Ова прво ми паѓа на ум: луѓето ќе ве допрат и ќе се удираат во вас на јавни места, без да кажат „извинете“ или корејски еквивалент – ова е преполно место, навикнете се. Секогаш треба да бидете претпазливи со постарите, особено ако сте млади (да речеме до 30 години), отстапете им место во метрото, дозволете им да застанат во редот пред вас и такви работи.
  • Данска: Не одете по патеката за велосипеди ако не сакате да ве прегазат.

  • Австралија. Не земајте и не допирајте инсекти или било кој друг вид животно со кое не сте запознаени. Не обидувајте се да зборувате со нашиот акцент, не ни е смешно.

 

  • Јапонија. Ова е она што имам да го кажам. Поклонете се пред луѓето што ви се поклонуваат. Поклонете им се на луѓето кога ви даваат услуга. Тоа е знак на почит.

 

  • Бразил. Спротивно на популарното верување, не треба да се соблекувате во јавност во Бразил. Да, барем неколку туристи се апсат секоја година за ова.

 

  • Индија. Има многу мали културни табуа. Но, едно нешто што можам да се сетам во моментов е, никогаш да не се обраќаш на некој постар од тебе со неговото име. Ако сте млади (под 20-годишна возраст), може да се обратите на средовечни и постари луѓе со „тетка“ и „чичко“.

  • Португалец тука: Зборувајте на шпански со нас и ќе добиете тупаница во грлото.

 

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *