Кога еден корисник на Reddit ги прашал другите за токсичните фрази што ги слушнале од нивните родители, никој не очекуваше дека темата ќе прерасне во огромна дискусија. За жал, понекогаш родителите ја преминуваат границата и ги повредуваат децата, а тоа може да влијае на односот помеѓу родителот и детето во иднина.

Ние ги охрабруваме сите да се држат до разумните методи кога станува збор за воспитување деца. Во меѓувреме, би сакале да споделиме какви фрази слушнале корисниците на Reddit од своите родители што оставие длабока лузна на нивните срца до ден-денес.

  • „Се селиме, а ти не доаѓаш со нас“. Најдобрата пријателка на сестра ми беше постојано кај нас дома, нејзините родители беа разведени,  татко ѝ живееше надвор од градот, па таа мораше да остане со мајка ѝ поради училиштето. Девојчето воопшто не се согласуваше со мајка ѝ и затоа цело време беше кај нас за да се дружи со сестра ми. Еден ден мајка ѝ и рекла дека ќе се селат со брат ѝ, но таа не поканета. Девојката живееше кај нас додека не се запиша на факултет и се пресели.

 

  • Дека сум бескорисен и не можам да направам ништо затоа што не можев да и отворам тегла сос од домати на мајка ми во 1 часот по полноќ.

  • Според мое искуство, разведени родители кои велат работи како:
    „Не кажувај за тоа на твојот [друг родител]“ „Кажи му го на твојот [друг родител]“ „Твојот [друг родител] се обидува да те манипулира“. „Гледаш што стори [другиот родител]? Ова навистина ги повредува чуствата на детето.

 

  • Мајка ми секогаш велеше „ме мразиш нели“.

 

  • „Значи, сакаш да кажеш дека сум лош родител“ како одговор на каква било форма на барање помош или конструктивна критика.

 

  • „Не те бива за ништо. Знаеш ли воопшто која страна на штрафцигерот се користи? Не знаеш ни една полица да поставиш“. Без оглед на тоа што сам си направив автомобил од стари делови кога имав 14 години.

  • Мајка ми ми рече „добро барем си убава“ со многу сожалувачки израз лицето. Тоа ме натера да се чувствувам многу лошо.

 

  • Мајка ми секогаш даваше грди забелешки за мојот изглед. Велеше дека никој никогаш нема да ме сака или да биде пријател со мене.

  • Постојано споредување со постарите браќа и сестри е крајно ужасен третман. Ве прави да се чувствувате инфериорно во однос на нив и што и да правите, тоа никогаш нема да биде доволно.

 

  • Татко ми ми даде прекар „камен“ затоа што сум бил глупав (и покрај тоа што бев студент на програмата за „Надарени и талентирани ученици“). Ги охрабри моите постари браќа и сестри да ме нарекуваат така. Тие тоа го правеа со насмевка, честопати пред други луѓе. Сè уште сум лут за тоа.