Младите луѓе полека, но сигурно, стануваат посвесни за своето здрајве и за важноста на здравата избалансирана храна. Но како и секој друг почеток, нурнувањето во светот на здравиот начин на живот може да биде предизвик. Затоа бараме помош од професионалци кои ќе ни помогнат да стигнеме до посакуваната цел.

Лолита е прехранбен технолог и токму личноста која ви треба доколку решите да направите чекор кон поздрави навики.
Со фитнес и исхрана се занимава уште од средното образование, а факултетот го одбрала благодарение на големата љубов кон храната. Нејзината кариера започна во 2020 година кога почна да изработува персонализирани планови за исхрана и вежби за тренинг.

Поразговаравме со Лолита за здравиот начин на живот и за нејзината нова програма.

Која е Лолита? Која е твојата професија и како твоето образование те прави поразлична од останатите фитнес интузијасти?

-Јас сум Лолита Спирова, имам 23 години и сум по пофресија дипломиран инжинер, прехранбен технолог. Љубовта кон храната ја имав уште како дете, а уште во средно одлучив и знаев дека е тоа она што го сакам најмногу и затоа се запишав на технолошко-технички факултет насока прехранбена технологија. Во сите овие четири годинии од студиите, освен што вложив многу труд исто така се стекнав со многу знаење, а тоа е она што ме прави поразлична од останатите, а воедно сум студент со просек меѓу првите најдобри студнети од генерацијата.

Колку време се знаимаваш со фитнес и што те натера да започнеш здрав начин на живот?

  -Љубовта кон спортот и здравиот начин на живот ги имам уште како дете. Имав само седум години кога татко ми ме запиша на карате. Тренирав до црн појас, а на 16 години во втора година средно започнав со фитнес. Можам да кажам дека тука се роди љубовта помеѓу мене и фитнесот. Не знаев ништо за храната тогаш, а кога ќе ги прашав поискусните, нивниот совет речиси секогаш беше ,,многу тренираш тоа е супер, ама без храна не правиш ништо‘‘. Пробував буквално се‘, се додека не научив што е правилно и што всушност содржи храната што ја јадам.

Која е најчестата грешка што ја прават луѓето кога ќе се одлучат да го променат животниот стил?

-Најчестата грешка која што ја прават луѓето кога ќе се одлучат да го променат животниот стил, е претерното анализирање и калкулирање за колку време ќе станат т.н ,,нови’’. Само за мал процент на луѓето менуваањето на животен стил е процес, додека поголем процент припѓаат на групата што сака промента да се случи преку ноќ.

Кој е првиот рецепт што те натера да веруваш дека здравата исхрана може да биде вкусна?

    –  Ммм се замислив, ама дефинитвно тоа се овесните палачинки.

Ако би морала да избереш едно јадење кое ќе го јадеш секој ден до крајот на животот кое би било тоа?

           – Супер благо со вкус на ванила.

Што те инспирираше да ја создадеш твојата програма?

– Кога почнав да тренирам во теретана, веќе кажав и погоре поискусните од мене ми кажаа дека ми треба план за исхрана за мојата цел. Пробав со неколку планови за исхрана од кој што немав резултат и тука добив инспирација и желба да создадам нешто ново. Се запишав и на факултет и мојата желба сега реалност и јас сум прехранбен технолог Лолита Спирова која што изработува планови за исхрана. Повеќе може да видите на мојот веб сајт https://lolitaspirova.com/.

За колку време луѓето може да очекуваат резултати од програмата?

– Секој организам е различен, но девојките уште во првата недела споделуваат резултати. А веќе во четвртата недела можам да кажам дека ја имаат постигнато својата цел.

Што би им препорачала на сите оние ко сакаат да почнат да да се хранат здраво, но не знаат од каде да почнат?

– Најпрвин е потребно да се поготват психички и потоа следи најважното прашање: која е целта? Зошто велам да се подготват психички? Заради тоа што секоја промена на рутина и излегување од комфор зоната е огромен предизвик, но, во овој случај промената е позитивна и тоа на крај ќе даде позитивен ефект врз здравјето. Откако ќе ги поставите цел, навистина ќе си олесните, бидејќи секој човек кој што има некаква цел во животот, сака истата да ја реализира.