Денешиот брз начин на живот ни диктира различни услови секојдневно и го тера секој до нас исто така брзо да се адаптира. Многу архитекти обидувајќи се да одговорат на новите предизвици се соочени со истото.

Односно, тие бараат начини за поевтино и побрзо градење на домови, а притоа да не се намалува од самиот квалитет.

Токму вакво генијално решение веќе смислија архитектите од Јапонија, кои градат куќи за само 2 часа, а издржливоста на истите се проценува на неверојатен временски период од 300 години.

Станува збор за проект на јапонската компанија „Japan Dome House“, која се занимава со изградба на куќи од стрипор пена. Интересот кон овој тип на домови значително се зголемил по земјотресот во Кумамото, кој се случи во 2016-та година, кога многу згради се срушија и илјадници луѓе останаа без домови.

Токму поради фактот што домовите на компанијата се изработуваат многу брзо и се притоа и евтини, ги прави совршен избор за клиентите. Блоковите од пена се обработуваат со огноотпорен раствор, а потоа од истите се прави конструкцијата на куќата, а обликот на купола не е случајно избере. Според архитектите, оваа форма најдобро може да ги издржи земјотресите.