Понекогаш слушаме толку многу лоши работи што ни прави потешкотија да останме позитивни. Затоа решивме со вас да сподлеиме кратки, но поучни приказни кои докажуваат дека доброто, порано или подоцна, го победува злото.

Брза и едноставна одмазда. Излегувам од продавницата за храна утрово и додека ги товарам ќесите во мојот автомобил, дамата до мене ги соблече ракавиците и ги фрли на земја. И реков: „Госпоѓице, не фрлајте отпадоци“,но таа тотално ме изигнорира и си влезе во автомобилот. Па така ги земав ракавиците од земја,  го кренав бришачот на шофершајбната, и ги замотав ракавиците околу него. Таа ги уклучи бришачите во обид да ги одглави ракавиците но тие само повеќе се заплеткаа. Со насмевка на лицето влегов во мојот автомобил и заминав додека таа бесно викаше по мене.

 

Моите соседи имаат куче што лае ЦЕЛА ВЕЧЕР без престан! Тие работат ноќна смена и навечер го оставаат надвор. Неколку пати им се пожалив дека нивното куче лае по цела ноќ но тие само ми рекоа: „Куче е, што сакаш ние да правиме“?. Една вечер ми дојде преку глава па решив да го снимам лаењето на кучето. Кога сопствениците се вратија од работа решив да ја пуштам снимката на најгласно затоа што знаев дека веднаш ќе легнат да спијат. Нивната куќа е веднаш за мојата па така знаев точно каде да го наместам звучникот. По неколку минути тие тропаа на вратата и ми велеа да го „затнам“ моето куче. Јас само им одговорив дека тоа е нивното куче и едноставно сакав да слушнат што тоа прави додека тие се на работа за да не се чуствуваат „како да пропуштаат нешто“. Тие почнаа да го внесуваат кучето внатре секоја вечер по „моето шоу“.

Моите соседи обожаваат да гледаат филмови со звукот пуштен на најгласно. Секако не е баш пријатно кога ти треба да станеш во 6 часот наутро за на работа, а од горниот спрат слушаш звуци на експлозии и мотори. Една вечер беа погласни од обично, според звуците на врескање заклучив дека гледаат хорор филм, па решив да си поиграм со нивната фантазија. Јас работам како електричар и знам како да се снајдам со инсталацииите за струја во повеќето згради. Се симнав во подрумот и им ја исклучив струјата во станот, па ја вклучив, па повторно ја исклучив и така неколку минути. Следното утро моите соседи изгледаа преплашено и изгледа дека не успеале да склопат око цела вечер. Мислам дека веќе нема да гледаат хорор филмови.

Кога бев мала моите браќа обожаваа да ме задеваат и секако како помала сестра немав начин како да се одбранам. Тие постојано ставаа лепак на моето столче, пукаа палони во мојата соба сред вечер и обожаваа тивко да се прикрадуваат за да ме исплашат. Една вечер забележев дека некој се крие зад аголот и решив дека ми е доста од нивните здодевни шеги, ја земав вазната што стоеше во ходникот и се упатив кон кујната, секако моите браќа скокнаа од местото каде што се криеа и викнаа: „Те фативме“, јас одглумив дека сум преплашена и ја испуштив вазната од раце. Мајка ми, вознемирена од звукот, дојде да провери што се случува, откако ја виде скршената вазна на земја моите браќа беа казнети две недели. Мислам дека не треба да потенцирам дека повеќе никогаш не ме задеваа така.

Пред една година чекав ред во продавница кога слушнав некој како го извикува моето име. Погледнав наоколу и забележав дека тоа беше дечкото од моите кошмари. Станува збор за едно момче кое ме тормозеше во средно училиште. Јас бев прилично мирна и кротка тинејџерка, не зборував многу и дефинитивно не сакав расправии. Тој беше гласен, бунтовен и неверојарно безобразен. Ме задеваше секој пат кога ќе ме видеше.„Здраво бубалицо“, „зошто не зборуваш, да не си го гризна јазикот“, „ај мести ми некоја од твоиве другарки“. Не можев да го поднесам, а како што поминале годините ми кажуваа дека воопшто не се променил. На мое изненадување тој ми се приближи, ме измерка од глава до пети, ме праша како сум и дали би сакала да излезам со него. Секако дека не сакав, но решив и малку да се забавувам на негова сметка. Го прашав дали се знаеме затоа што не ми изгледа познато, тој се обиде да ми објасни дека заедно сме оделе во средно училиште, но јас продолжив да глумам дека не можам да се сетам на него. Најдобро од се беше тоа што јас бев доволно гласна па сите од продавницата гледаа кон нас. По неколку обиди тој се откажа и засрамено застана да чека ред на другата каса.