Кога еден британски новинар го посети Дубаи, тој престојуваше во луксузниот хотел Бурџ Ал Араб. До крајот на неговиот престој, тој сфати дека неговиот искуство не заслужува рејтинг со 5 везди – заслужува многу повеќе. Тој го оцени Бурџ Ал Араб како искуство со 7 sвезди, а другите рецензенти се согласија.

Сигурно една ноќ тука би не чинело колку автомобил па затоа ние решивме да доловиме дел од искуството.

Изграден е на вештачки остров.

Има мост кој го поврзува островот со блиската плажа, а до него имаат пристап само персоналот на хотелот и гостите. Самата зграда е висока повеќе од 300 метри – што е дури и повисока од Ајфеловата кула – и има  56 спрата. 230 бетонски столбови ја поддржуваат целата структура.

Трансферот до хотелот е или со автомобил или со приватен хеликоптер.

Бурџ ал Араб ви обезбедува 2 вида на превоз за да стигнете до хотелот. Ако изберете возење, ќе ве пречекаат на аеродромот со бел Ролс Ројс и со личен возач. Во спротивно, можете да се одлучите за приватниот хеликоптер што ќе ве донесе на покривот од хотелот.

Сè е направено од злато и мермер.

Подот и sидовите на хотелот се изработени од посебен мермер Statuario – ист вид мермер што го користел Микеланџело за да ја создаде својата статуа Давид. Сè што е внатре или е направено од 24-каратно злато или е обложено со него, вклучувајќи ги украсите, мебелот и телевизорите – дури и огледалото и уметничките рамки се украсени со злато. Плус, во еден од рестораните е сместен најголемиот сваровски кристален таван.

Апартманите се масивни.

Бурџ Ал Араб има вкупно 202 дуплекс апартмани, секој со 2 ката, а некои имаат панорамски поглед на островот и морето. Најмалиот апартман е со големина од 170 квадратни метри, додека огромниот апартман Royal го опфаќа целиот кат. Некои апартмани ви нудат приватни кина и огромни библиотеки!

Имате личен батлер.

Откако ќе завршите со пријавувањето, Бурџ Ал Араб ви обезбедува личен батлер. Батлерот ве носи до вашиот апартман и ако сакате може да ги распакува вашите работи откако ќе пристигнете и ќе ги спакува повторно кога ќе заминете.

Односот на вработените во Бурж Ал Араб и гостите е 6: 1, така што никогаш нема да бидете без надзор.

Апартманит се опремени со најнова технологија.

Овде магијата се случува со притискање на копче. Креветот ротира во која било положба и можете да го користите далечинскиот управувач за да ги вклучите скриените ТВ-екрани од работните маси и sидовите. Далечинскиот управувач исто така ги контролира вратите, завесите и ролетните за затемнување и ви помага да комуницирате со батлерот ако ви треба нешто.

Во секоја соба има колекција на парфеми.

Ги знаете оние еднократни комплети за туширање што обично ги наоѓате во обичните хотели? Заборавете на тие малечки туби. Сет од 14 видови парфеми на Хермес доаѓаат како стандард во секој пакет за да можете да се разгалите со стил. И можете дури и да ги земете дома со вас.

 

Цената за една вечер?

Па имајте во џеб околу 1000 евра.