Вложивме многу труд за да ги направиме среќни нашите најблиски. Нема ништо лошо во тоа да правите работи за другите луѓе, но не е здраво кога се двоумиме да го сториме истото за себе затоа што се плашиме да не бидеме себични.

Ние веруваме во важноста и придобивките од самољубието, па затоа собравме неколку точки што објаснуваат зошто не треба да се чувствувате виновни кога се ставате себеси на прво место.

Кога се ставате на прво место тоа им користи на и луѓето што ги сакате.

Има причина зошто стјуардесите нè советуваат да ги ставаме маските за кислород пред да им помагаме на другите за време на итен случај на лет – ако останеме без кислород, нема да можеме да помогнеме никому. На ист начин, кога сте премногу исцрпени или крајно несреќни, не сте добри со луѓето околу вас.

Одмарањето е потреба, а не награда.

Кога сте изморени вашата продуктивност се намалува, а стресот може да ве исцрпи ментално и емоционално. На вашето тело и ум им е потребен одмор, затоа научете како да кажете „не“ кога некој ќе побара услуга од вас.

Ја пренесувате својата енергија на луѓето околу вас.

Вашето семејство и пријатели ја чуствуваат вашата енергија и промената во расположението. Ако сте секогаш лути или исцрпени тоа ќе го почувствуваат и луѓето околу вас. Всушност, една студија открила корелација помеѓу стресот кај родителите и покачените нивоа на кортизол кај децата.

Во ред е да не бидеме во ред.

Треба да признаете дека сите ваши емоции се валидни, дури и негативните. Исто така, мора да научите да прифаќате дека не е сè во ваша контрола.

На секому му треба време да биде сам.

Експертите наведоа повеќе придобивки од времето поминато сами, што вклучува и дозволување на вашиот ум да се релаксира и подобрување на квалитетот на вашите односи.

Понекогаш да им кажете „не“ на другите значи да кажете „да“ на вашата сопствена среќа.

Да се ​​каже „не“ честопати е поврзано со себичност, но понекогаш „не“ значи дека се почитувате себе си доволно за да застанете зад она што мислите дека е најдобро за вас.

Понекогаш треба да бидете свој херој.

Пријателите и семејството секогаш ќе бидат тука за да ве поддржат, но на крајот на денот, вие сте капетан на вашиот брод. Ваше е да донесете свои животни одлуки и да се справите со сопствените емоции. Со давање приоритет на вашата благосостојба, станувате најдобрата верзија за себе.