Отстранете ги влакната, здодевните црнки и акни, како и непријатните дамки од вашето лице, со оваа многу едноставна и ефикасна домашна маска, која ќе го реши естетскиот проблем за 15 минути.

Домашна маска за беспрекорно лице

Потребни состојки

  • Жолчка
  • Пченкарно нишесте
  • Шеќер

Начин на подготовка

Во еден сад измешајте ја жолчката со 1 супена лажица шеќер, а потоа додадете и половина супена лажица пченкарно нишесте. Добро измешајте ги состојките, до добивање една соединета смеса.

Начин на употреба

Со помош на соодветна четка, нанесете ја домашната маска на вашето лице и оставете ја да дејствува 10-25 минути. Откако ќе помине потребното време, отстранете ја маската во спротивна насока од насоката на растот на влакната.

Исплакнете со чиста вода, а овој ефикасен третман практикувајте го 3 пати неделно, за да ги добиете посакуваните резултати.