Ако знаете странски јазик веројатно сте забележале дека кога го зборувате станувате сосема друга личност.  Јазиците не го менуваат само нашиот карактер. Тие исто така можат да го променат начинот на размислување бидејќи различните култури имаат свој начин на гледање на светот. На пример, постои јазик што нема да ве оптоварува со конфузија „лево“ и „десно“. Наместо тоа, луѓето што го зборуваат користат упатства за компас.

Ние сакаме да истражуваме други култури и нивните јазици. Еве како може да се промени начинот на размислување ако зборувате на странски јазик.

1. Влијае на тоа кои бои можеме да ги видиме.

Различни култури различно ги перцепираат боите. Некои јазици имаат само 2 збора за да ги опишат боите – како темно и светло. „Темно“ се користи за ладни бои, како зелена, сина и црна. „Светло“ се користи за топли бои, како жолта, црвена и портокалова. Постои и јазик кој воопшто нема израз за зборот „боја“. Наместо тоа, тие користат други зборови за да опишат предмети врз основа на нивната текстура и она за што се користат.

Во текот на вашиот живот можно е дури и да се промени начинот на кој ги гледате боите. На пример, во Грција луѓето користат 2 различни зборови  за да опишат светла и темно сина, додека во Велика Британија, „сина“ се користи за да се опишат двете бои.

2. Влијае на начинот на кој даваме насоки.

На македонски јазик, ние користиме изрази како „лево“, „десно“, „напред“ и „назад“ за да опишеме каде треба некој да оди или каде се наоѓа некој предмет. Ова понекогаш создава многу конфузија затоа што левата страна за една личност може да биде десна за друга личност.

Но постојат и некои култури каде што јазикот им помага да избегнат ваква конфузија затоа што ги користат насоките на компасот, како север, југ, запад и исток. Најверојатно би било тешко за еден Македонец веднаш да знае каде е север, а каде југ, но во некои домородни австралиски јазици ова е начинот на давање насоки.

3. Влијае на начинот на кој размислуваме за зборовите.

Постојат и граматички родови кои се различни на германски, шпански и француски јазик. Тоа значи дека тие можат да ги користат „тој“ и „таа“ за неживи предмети. И ова може да влијае на начинот на размислување за тие предмети.

Во еден експеримент, учесниците добија клуч и беа замолени да го опишат. Говорителите на шпански јазик имаат тенденција да користат придавки што одговараат на женските стереотипи за да го опишат клучот, како „ситни“ и „убави“ затоа што на шпански јазик клучот е женски род. Спротивно на тоа, зборот „клуч“ е машки род на германски, па затоа германските говорители употребуваа зборови што одговараат на машките стереотипи, како „корисни“, „тешки“ и „силни“.

4. Влијае на тоа како го разбираме времето.

Луѓето кои зборуваат македонски, времето го гледаат „на парчиња“- како минути, часови и денови. Ова може да биде причината што мислиме на времето како „работа“ што можат да бидат зачувана, потрошена или изгубена. Спротивно на тоа, јазикот Хопи нема вакво нешто и тие го гледаат времето како континуиран циклус.

Покрај тоа, Македонците размислуваат за времето хоризонтално и користат зборови како што се напред и назад за да зборуваат за иднината и минатото. На пример, можеби посакувате да можете да го „вратите времето назад “. Луѓето што зборуваат на кинески јазик, користат зборови како што се горе и долу за да го опишат времето.