Во периоди кога одминатиот зимски период донел многу сувост и кога растот и плодноста на заседноста треба да биде во подем и со најголема брзина, се случува обратното, сувоста уште толку се зголемува. За некој што се занимава со градинарство, ова значи големо разочарување. Но, не очајувајте, има многу што може да се направи за да се минимализираат ефектите и да ја вратите вашата градина во нормала и под контрола.

Што е потребно да се купи?

Ако купувате растенија, внимателно одбирајте ги оние што се отпорни на суша. Петунии, поргулаки, џунџулиња, мушкатла (или кај нас познати како сардели, пеларгони), кактуси и сукуленти имаат вградени механизми кои им овозможуваат успешно да се борат со сушата. Воедно, измешајте навлажнувачки гел во компостот т.е темното ѓубриво што се добива од разни разни видови органски отпад како лушпите од зеленчукот и овошјето, тревата и сл, или купувајте готов компост со адитиви за одржување на влага. Не го зголемувајте хранењето- тоа има обратен ефект. И ако мора да воведете рестрикција во водата, едноставно преполовете ја дозата додека работите се вратат во нормала.

Погодни услови и граници

Ако наводнувате со црево, направете го тоа во наутро или навечер, никако во текот на денот. Намалето го испраувањето на водата со употреба на порозни црева или цевки во форма на бразда, наместо со прскалки, а воедно создадете прекривка од земјата за да се зачува влагата.

Трева и тревници

Не грижете се ако тревата стане кафеава во текот на сушата. Во тој период се советува да не користите ѓубриво и во однос на вашата косилка, се советува да ги тргнете настрана сечилата, бидејќи на тревата и треба време да се опорави, бидејќи искосените тревници најчесто се жедни и еколошки непријателски.

Воедно, може да размислите за идејата местото да го претворите во цветна ливда со погореспоменатите растенија, доколку местото често подлегнува на суша, на која трева и е потешко да опстои.

Храна

Дадете приоритет на раноградинарските култури: салати, компири, јагоди, малини. Одржувајте ги зимските култури во живот, како родот на ‘Brassicas’ каде спаѓаат зелките, но во рестриктивна форма, се додека не помине сушниот период.

Грмушки и дрвја

Зрелите растенија ја имаат способноста да се справат со неповолните временски услови, но растенијата како рододендроните и азалеите ќе мора да ги наводнувате, како и новозасадените грмушки.

Рационално користете ја водата

Наводнувајте ги растенијата наутро или навечер, а наводнувањето мора да биде темелно, при што треба да почекате компостот да стане сув, пред повторно да го наводните.

Шеми за посадување

Климатските промени се очекува најверојатно да ги зачестат сушите, затоа е мудро уште сега да го прилагодите садењето со текот на времето и временските услови, па затоа би било добро да истражите кои се видови на растенија како сукулентите на кои не им е грижа дали врне или вее, бидејќи после суша, таквите видови растенија се единствените кои ќе зрачат со убавина.