Среќен роденден Барби! Модната икона и пластичното совршенство од жена, фамозната Барби кукла денес полни 60 години. И покрај шест децении под рефлектор, од воодушевувања до жестоки критики од феминистичките активисти за нејзината фигура, нејзината коса, бојата на кожата, обликот на градите и нејзиното  потенцијално негативно влијание врз оформувањето на умовите на малите девојчиња, таа сеуште е силна!

Преку повеќе од 58 милиони Барбики се продаваат секоја година, во повеќе од 150 земји и нејзиниот производител, компанијата Мател дефинитивно оди и надвор од границите на својот максимум се со цел да ја направи оригиналната Барби уште попривлечна, инклузивна, попријателска, воедно потенцирајќи го расниот диверзитет.

На овој ден, во далечната 1959-та година, на Американскиот меѓународен саем за играчки во Њујорк, за првпат, беше објавен прототипот на Барби куклата, а критичарите видоа концепт на сексуализиран, облечен во црно-бел костим за капење и високи потпетици, натпреварувач за наградата ‘убавина’.

Првата Барби кукла

Денес Барби, против старите жалби дека оригиналната русокоса на пластичен суперодел придонесе кон идеализирана и нереална слика на женското телото, се бори со внесувајќи го новитетот од широк спектар на најразлични големини, бои и форми, кои за разлика од оригиналниот модел, овој пат навистина ја даваат реалната слика и ги отстрануваат наметнатите притисоци врз жените.

Разновидноста на дизајнот, компанијата ја зголеми уште толку кога  ја лансираше линијата ‘Fashionista’, концепт во чија основа лежеше повеќенијансирана палета на тела, поточно понудата се прошири на три нови типови на тела: Високи, со облини и ‘petit’ или мали. А професиите на барбиките станаа попрецизни и интелектуални, па така ја имаме “Палеонтолог Барби”, “Астронаут Барби”, “Архитект Барби”, “Компјутерски инженер Барби” и сл., нагласувајќи го интелектуалниот капаците на жените.

Иако во минатото, критиките кон прототипот за едни предизвикуваа воодушевувања и илузии, за други остри критики, денес се вели дека првобитниот тип може само преставувал една идеја на ескапизам кон совршенството, но денес пак концептот гласно пренесува порака дека совршенството постои во самите жени и во нивната различност.