Пржената храна е вкусна и најпосакувана, поради лесниот и  брз начин на подготовка. Освен дека е штетна по  здравјето, остава и непријатна миризба.

 

Миризбата од храната се впива насекаде. Ако почувствувате дека и  облеката ви мириса, тогаш пред перење е добро  ја потопите во раствор од оцет и вода. Исто така можете да ставите чашка сок од лимон.

Ако миризбата се задржи на вашиот мебел,  за да ја отстраните  добро е  да ги проветрите просториите.  Површините можете да ги  исчистите со раствор од вода и детергент за алишта.

  • За чистење на дрвените површини

Во сад со чиста вода додајте сок од лимон и сода.

  • За чистење на површините од кујната

Наместо сок од лимон, во сад со чиста вода додадете оцет и пребришете ги површините. Така ќе ги освежите и ќе се рашири пријатна миризба.

  • За тие што пушат во затворени простории

Димот од цигари дава непријатна миризба, како за оние кои пушат, така и за оние кои не пушат. Затоа најдобро, во еден дел од просторијата каде пушите, во длабок сад поставете еден сунѓер натопен со оцет и тој ќе ја впие непријатната миризба.

Внимавајте кога често ги пребришувате површините во вашиот дом, да користите природни ароми. Хемиските средства како освежувачи на воздух и омекнувачи содржат многу штетни својства кои се задржуваат во воздухот, а вие и вашето семејство ги вдишувате.  Ако сакате во домот да се шири пријатна миризба, тогаш можете да направите природен ароматизер. Искористете пластично шише од стар детергент со распрскувач, во него сипете чиста вода и една кесичка сода, додадете неколку капки лимон или етерично масло по желба.