Д-р Гери Чепмен, автор на книгата „5-те љубовни јазици“ смета дека односите имаат поголеми шанси да се подобрат ако се разбереме едни со други. Тој сугерира дека секој дава и прима љубов на различен начин, затоа треба да го познаваме нашиот партнер за да му ја дадеме љубовта што ја заслужува. Според него, љубовните јазици може да се различни, но тие се лесни за учење и ќе ни помогнат да имаме позначајни и љубовни врски.

1. Афирмативни зборови

Луѓето чиј љубовен јазик се афирмативни зборови ја ценат вербалната поврзаност, без разлика дали е преку говор или писмо. Може да бидат зборови што изразуваат наклонетост, комплименти, благодарност, охрабрување или нешто едноставно како „Те сакам“. Д-р Мишел Росер-мајорс, вонреден професор на Универзитетот во Аризона, објаснува дека позитивните афирмации не носат само добро чувство. Според неа, луѓето се чувствуваат ценети и компетентни, па затоа позитивните зборови што прават да се чувствуваме на овој начин можат да изградат здрави и силни врски.

2. Услугата

Според д-р Гери Чепмен, чин на услугата е да направите нешто за вашиот парнтер што знаете дека ќе му се допадне. Д-р Росер-мајорс објаснува дека вистинските водачи им служат на другите пред себе и дека овие несебични дела ги инспирираат луѓето и ги зајакнуваат врските.

3. Време поминато заедно

Според д-р Чепмен, овој љубовен јазик се однесува на квалитетот, а не квантитетот. Треба да поминуваме време со нашиот парнер, но не и да седиме заедно гледајќи серии цел ден. Треба да зборувате на само со вашиот партнер, да нема телевизори и телефони што ќе го одвлекуваат вниманието. Луѓето се чувствуваат добро ако знаат дека тие го имаат цело ваше внимание.

4. Физички допир

Физички допир може да биде нешто едноставно како „да пукне“, споделување интимен бакнеж со вашиот партнерот или држење за рака. Допирањето е првиот начин на комуникација што го учиме кога ќе се родиме и тоа е клучно за нашиот развој како што растеме.

5. Подароци

Давањето подароци е наједноставниот љубовен јазик. Тие не мора секогаш да бидат скапи или големи. Може да биде нешто мало како омиленото чоколадо или омилената марка житарици на вашиот цимер. Помислата, изборот на подарокот и дарувањето ќе му дадат на лицето чувство на приврзаност.