За да ја зачувате вашата кожа во одлична состојба и да го избегнете предвременото стареење на кожата, обидете се со оваа маска, која Јапонките ја користат доста често. Таа е исклучително богата со витамин Б , кој ја стимулира регенерацијата на клетките, го забавува стареењето и го подобрува крвотокот на кожата – се што е потребно за блескав изглед на лицето.

Оваа маска од ориз, мед и млеко ќе ви даде инстант резултати, ќе ја направи вашата кожа мека, нежна и мазна.

Подготовка:

Сварете 2-3 лажици ориз, на умерен оган.

Кога оризот е готов, се цеди. Не фрлајте ја водата.

Исплакнете го сварениот ориз со ладна вода и додадете 1 лажица топло млеко. Добро измешајте, додека не добиете мазна смеса.

Додадете 1 лажица мед, а потоа промешајте уште малку.

Употреба:

Нанесете тенок слој од смесата врз чисто лице и врат и оставете ја да делува 30 минути.

Потоа извадете ја маската и измијте го лицето и вратот со водата во која е варен оризот.

Оризовата вода содржи многу антиоксиданси, таа ќе ја хидрира кожата и има неверојатна моќ за апсорпција на ултравиолетовите зраци.

Ако Ви останала повеќе оризова вода отколку што е потребно, можете да ја чувате во фрижидер 4 дена и да ја користите како лосион за лице.

Предлог: Замрзнете ја оризова вода и користете ја за да го масирате лицето. Тоа е идеално за освежување во жешките летни денови, ќе ја хидратира кожата и ќе го направи Вашето лице многу помеко.

https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/07/fb_6025493d3ce043b83a50dc806d8f02ff.pnghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/07/fb_6025493d3ce043b83a50dc806d8f02ff-400x214.pngDijana IlievaОпшто здравјеУбавинаЗдравјеЗа да ја зачувате вашата кожа во одлична состојба и да го избегнете предвременото стареење на кожата, обидете се со оваа маска, која Јапонките ја користат доста често. Таа е исклучително богата со витамин Б , кој ја стимулира регенерацијата на клетките, го забавува стареењето и го подобрува крвотокот...Секој ден нешто свежо