Од Земјата па дури до планетата Мелмак, речиси и да не постои човек кој не слушнал за Алф, симпатичниот крзнен вонземјанин со карактеристичен нос, кој има 122 години и е вистински обожавател на мачките!

Погледнете во продолжение како изгледа денес актерката Андреа Елсон, која ја толкуваше улогата на Лин Тарнер во популарната серија! Иако благодарение на серијата, актерката стана неверојатно популарна, сепак по 7 години, откако заврши снимањето таа сосема се изгуби од очите на јавноста.

Многумина од нејзините фанови едноставно останаа зачудени и постојано се прашуваа каде актерката исчезна. За среќа 51-годишната Андреа открива дека е сосема во ред, само сфатила дека не го посакува јавниот животот и дека светот на славните не е она што го посакува за неа.

Сепак, не се откажала од нејзиниот актерски талент, само што глумењето пред камера го заменила со театарските сцени, односно таа активно учествува во различните проекти во театрите во Њујорк.