Азиските жени се познати ширум светот по нивниот неверојатен младешки изглед и нивната егозтична убавина. Но, денес ви претставуваме една вистинска кралица на убавина, во секоја смисла на зборот!

Станува збор за кралицата на Бутан, Џетсун Пема, чијшто надворешен изглед едноставно ги остава сите без зборови. А според блиски извори, дури и за самиот крал на Бутан, ништо не е поважно од неговата голема љубов кон сопругата.

Приказната на оваа прекрасна кралица е подеднакво неверојатна како и самата таа. Девојката пораснала во семејство со благороднички корени, но не премногу богато. Нејзиниот татко по професија е пилот, а нејзината мајка е далечна роднина на поранешниот крал на Бутан.

На 7-годишна возраст, Џетсун случајно се нашла во кралскиот дворец, по повод роденденската забава на тогаш малиот принц, Џигме. Ова била прва средба на парот која завршила со слатка детска прегратка.

Уште од тогаш, Џетсун му оставила совршен впечаток на Џигме, кој се пошегувал дека кога ќе пораснат, таа ќе му биде сопруга. Подоцна неговите зборови се претворија во неверојатна реалност.

Џетсун воедно важи за една од најеманципираните кралици, која знае неколку јазици, а образованието го заврши во Индија. По завршувањето на студиите, таа повторно се сретнала со Џигме и двајцата се вљубиле на прв поглед.

Во 2011-та година, парот стапи во брак, а за таа пригода, кралот на Бутан изјави: „Сега сите ќе видат каква треба да биде една кралица – Неверојатно убава, интелигентна и грациозна!“

Кралот на Бутан толку многу ја почитува и сака неговата сопруга, што дури се откажал од традицијата и правото да има повеќе сопруги и избрал целиот живот да го помине со прекрасната кралица Џетсун.

Во 2016-та година, Џетсун го роди првиот наследник на кралството, а нивниот втор син се роди во Март, оваа година. Љубовта на кралот кон кралицата никогаш не останува незабележана, бидејќи каде и да се појават, тој постојано ја изразува неговата нежна страна кон сопругата.