Нишестето се смета за најдобрата и најчудесната домашна состојка која има моќен затегнувачки ефект врз кожата т.е дава совршени резултати исто како да сте посетиле козметички салон. Не само што ги намалува брчките, туку и значително ја измазнува кожата.

Откријте го во продолжение златниот рецепт за моќна домашна маска благодарение на која вашето лице ќе биде совршено затегнато и измазнето, а притоа брчките ќе бидат значително помалку видливи.

Моќна затегнувачка маска за лице без брчки

Потребни состојки

  • 1 домат
  • 1 жолчка
  • 1 кафена шолја нишесте
  • Половина кафена шолја зејтин

Начин на подготовка и употреба

Излупете го доматот, а потоа изгмечете го заедно со останатите состојки. Нанесете ја добиената смеса подеднакво врз целото лице и оставете ја да дејствува 15 минути. Потоа исплакнете ја маската со топла вода и нанесете соодветен потхранувачки крем на вашето лице.