Ние ги сметаме нашите домови за безбедно засолниште за нас и за нашите семејства. Она што не го знаеме е дека понекогаш најобичните предмети во нашата куќа можат да претставуваат голема закана за нашето здравје. Антибактериски сапун за раце што ги штити нашите деца од бактерии и газираните пијалаци кои рекламираат витка фигура не се толку „невини“ како што мислиме.

Ние се грижиме за вашето здравје и благосостојба, затоа составивме листа на производи што можат да бидат штетни, заедно со некои побезбедни опции.

Вистинскиот ефект на диеталните газирани пијалаци

Првото нешто што го исклучуваме од нашата исхрана се газираните пијалоци. Ние се потпираме на диетални газирани пијалаци за да ја олесниме транзицијата бидејќи се` уште имаме потреба од кофеин кога нашата енергија опаѓа. Сепак, студиите сугерираат дека постои директна корелација помеѓу пиењето газирани пијалоци и ризикот од развој на сериозни здравствени проблеми, како што се деменција, дебелина, кардиоваскуларни заболувања и мозочен удар.

Алтернативна

Обидете се со нешто природно. Ако водата е премногу обична за вас, зачинете ја со додавање на малку сок од лимон. Ако имате желба за нешто слатко, тогаш смутито може да ви биде спасител. Можете дури и да комбинирате различни сорти на овошје за да ги направите поинтересни.

Токсичен парфем

Пред да излеземе од дома, проверуваме дали сме ги направиле „најважните“ работи, а прскањето на нашиот омилен парфем е секогаш задолжително. Она што не го знаеме е дека во основа прскаме хемикалии со мирис. Изложеноста на овие мириси може да предизвика благи, но и тешки симптоми, од мигрена до неплодност. Уште повеќе, тие се добро познати загадувачи. Значи, да престанеме да ги користиме и да си направиме услуга на себе и на околината!

Алтернативна

Префрлете се на производи со мирис добиени од природни масла. Можете сами да направите парфеми без токсини.

Антибактерискиот сапун за раце што убива „премногу“ бактерии

Уште од нашето детство не` учеле за важноста од често миење на рацете. Ние нема да го негираме тој дел, но користењето антибактериски сапуни може да биде „нездраво“. Како прво, нема конкретни докази дека тие ги убиваат сите бактерии, ниту пак треба. Експертите веруваат дека некои состојки пронајдени во овие сапуни како триклосан може да предизвикаат антибактериска отпорност.

Алтернативна

Обичен сапун, вода и темелен пилинг е се` што ви треба за да ги одржите рацете чисти.

Кажете им збогум на старите пластични садови

Садовите направени од цврста пластика кои имаат ознака „7“ или „PC“ (поликарбонат), може да содржат БПА (Бисфенол А). Оваа хемикалија може да биде причина за неколку ендокрини нарушувања, почнувајќи од неплодност до рак на дојка и простата.

Алтернативна

Кога купувате нови садови, проверете дали се без БПА или изберете стакло и порцелан, тие се најбезбедните опции.