Секоја сфера има свои неискажани правила и бизнисот со ресторани не е исклучок. Секој пат кога нарачуваме храна, мора да користиме мени, така што ова станува моќна алатка која влијае и го насочува нашиот избор. И додека ние сакаме само малку да каснеме, може на крај да завршиме со обилен оброк.

Бевме љубопитни за некои од тајните што рестораните ги користат за да влијаат на нашите одлуки па решивме да истражиме.

1. Тежината на менито влијае врз нашата перцепција.

Истражувањата велат дека вашиот впечаток за храната започнува од моментот кога го држите менито во вашите раце. Потешките менија оставаат подобар впечаток што не` тера да веруваме дека услугата во ресторанот ќе биде на највисоко ниво. Додека лесните ги прават луѓето да се прашуваат дали ова место е „обично“. Затоа, следниот пат кога ќе држите кожено мени со квалитетна хартија, запомнете, тоа нема никаква врска со квалитетот на храната или услугата.

2. Некои имиња на јадења може да ве направат гладни.

Името може да го направи јадењето до 23% попопуларно. Истражувањата покажаа дека забавните имиња го зголемуваат бројот на луѓе кои избраат одредена храна. Друг начин како рестораните користат имиња за да ве натераат да изберете одредена храна е да им дадат носталгични етикети како „домашна“ или „по рецептот на баба“ што ви предизвикува позитивни емоции.

3. Фонтот влијае на начинот на кој ја перцепираме храната.

Во зависност од користениот фонт, менито може да пренесе различни пораки. Посетителите кои читаа курзивно мени, сметаа дека ресторанот е поскап и со врвна услуга. Едноставните, лесни за читање фонтови може да се поврзат со „евтина цена“.

4. Боите на менито исто така испраќаат сигнали.

Боите што ги гледате на менито исто така имаат огромно влијание, бидејќи луѓето реагираат емотивно на нив. Црвената и сината се најпопуларните бои што ги користат рестораните кога сакаат да го активираат и зголемат вашиот апетит. Овие бои бараат внимание. Во рестораните со морска храна, сината е обично избраната боја за менија, бидејќи покажува дека сервираната храна доаѓа директно од морето.

5. Помалку фотографии ќе ве натераат да купите повеќе.

Старата поговорка дека луѓето јадат со очи не е секогаш точна. Иако визуелните стимули се важни, специјалист за дизајн на мени вели дека премногу слики можат да не` натераат да веруваме дека ресторанот е од ниска класа. Нашето трошење се зголемува за 30% кога гледаме само една слика по страница. Честопати, скапите ресторани претпочитаат да го остават изгледот на храната на имагинацијата на посетителите.