Според неодамнешното истражување на Американското социолошко здружение (АСЗ), младите имаат помалку се*с отколку порано.

Гледајќи ги податоците од 2000 до 2010 година, 11,67% од младите на возраст помеѓу 20 и 24 години изјавиле дека немале се*с минатата година, но ова се искачило на 15,7% помеѓу 2010 и 2014 година.

Во меѓувреме, гледајќи ги податоците од извештајот за 2020 година, процентот на се*суално неактивни мажи на возраст од 18 до 23 години се зголеми од 18,9% во периодот од 2000 до 2002 година, на 30,9% помеѓу 2016 и 2018 година.

Во истите временски рамки, бројот на млади жени кои немаат се*с, исто така, се зголеми од 15,1% на 19,1%.

Иако постојат очигледни придобивки за луѓето кои немаат се*суални односи, вклучувајќи помалку несакани бремености и ширење на помалку сексуални болести, има и негативни страни на се*суалната неактивност. Според истражувањето, тоа може да го „попречи психосоцијалниот развој на младите  и да го намали нивното физичко и емоционално задоволство“.

Одговорот на прашањето зошто се случува овој пад сè уште се истражува, но студијата сугерира дека тоа може да се сведе на пад на потрошувачката на алкохол.

Извештај од 2021 година откри дека една од причините за падот може да биде помалку млади луѓе кои се во романтични врски, вклучително и брак и вонбрачна заедница.

Просечната вораст на која жените стапуваат во брак денес е 35 години, во споредба 1971 кога просечната возраст за стапување во брак била 25 години.

Други работи што беа разгледани како причини се: трендовите во вработувањето, заработка, оптоварување со финансиски долг, живеење со родители, употреба на електронски медиуми, гледање телевизија, видео игри и консумирање алкохол.

Некои истражувања сугерираат дека ставовите за видео игри на мажите можат да бидат резултат на нивната се*суална неактивност, додека други го идентификувале фактот дека пиењето алкохол честопати може да ги зголеми шансите за се*суален однос, а бидејќи потрошувачката на алкохол е намалена, па така и бројот на луѓе кои имаат се*с се намалува.

Извештајот исто така истакна дека младите луѓе кои живеат со своите родители имаат ограничени можности за се*суални средби.