Историски факти за карминот кои докажуваат дека тој е многу повеќе од само моден детаљ
Ако карминот го поврзувате со модерната историја, можеби сте скокнале неколку илјади години. Првиот примерок на кармин во запишаната историја е за време на владеењето на кралицата Пуаби од Антички Ур, околу 2450 година п.н.е. кога користела боја за усни направена од бело олово и кршени црвени карпи. Не било многу здраво, но, повторно, модата ретко е. Таква е моќта на добрата нијанса за усни што предизвикува продажбата на врвни кармини да остане висока, дури и за време на рецесија. Тоа се нарекува ефект на кармин.
Нурнавме во историјата за да бараме повеќе такви примери за тоа кога карминот бил повеќе од само модна алатка.
Црвените усни на Клеопатра потекнуваат од згмечени бубачки
Клеопатра не била само олицетворение на женственоста и модата, таа била моќна и образована египетска кралица. Нејзините кармини биле направени од згмечени бубачки и мравки за да добијат добро пигментирана нијанса, доволно за историчарите и уметниците сè уште елоквентно да зборуваат за нејзината убавина.
Жените што ги биело лош глас во Грција морале да носат кармин за да се издвојат
Во Античка Грција, жените од добри и угледни семејства биле обесхрабрени да носат боја за усни. Но, „лесните жени“ беа активно охрабрувани да носат црвен кармин за да ја истакнат нивната достапност до мажите, дури и ако тогашните кармини биле направени од црвена боја, пот од овца и измет од крокодил.
Кралицата Елизабета мислела дека карминот може да лечи
Кралицата Елизабета I, наводно, и на смртната постела имала боја за усни. Кралицата верувала дека карминот е магија и има лековита моќ. Искрено, нејзината шминка можеби го забрзала нејзиниот крај со оглед на тоа што содржела состојки како олово.
Подоцна, кралицата Викторија мислела дека карминот е непристоен
За разлика од кралицата Елизабета I, кралицата Викторија шминката ја нарекувала „неучтива“, а Викторијанците ја следеле својата кралица и не користеле кармин. Во овој период, карминот се сметал за зло бидејќи им дозволувал на жените да ја „надуваат својата вредност“ правејќи ги да изгледаат поубави. За време на владеењето на кралицата Викторија се избегнувало козметика, само актерките и „лесните жени“ носеле кармин.
За време на Втората светска војна, женските маринци носеле црвен кармин како униформа
Елизабет Арден создла комплет за шминка за женските маринци за да го подигне моралот, а црвената боја на карминот се совпаѓала со црвените детали на униформите на женските резерви на Маринскиот корпус. Жените вработени во фабриките за оклоп и оружје биле инспирирани од рекламирањето и пропагандата што ја користела познатата Рози Риветер. Така и тие носеле црвен кармин.
Црвениот кармин стана симбол на суфражетите
Жените кои започнаа револуција за правата на жените, вклучително и правото на глас, се наречени суфражети. Движењето за право на глас било 100-годишна борба, која започнала во 1840-тите. За многумина, таа борба не е завршена и сè уште продолжува во различни форми во многу земји.
Единствениот траен симбол на движењето е црвениот кармин.