Индијките се познати по нивната чудесна убавина и одржана кожа, која претпочитаат да ја негуваат секогаш на природен начин, со ароматични масла и специфични состојки.

Меѓу бројните нивни домашни третмани, постои една навистина волшебна маска, со чија помош, вашата кожа ќе остане млада, здрава и мазна, ќе ги елиминира здодевните брчки и ќе го врати свежиот изглед и природната боја на вашето лице.

Станува збор за неверојатната маска од кардамон, кој важи за феноменална состојка, со богат витамински и минерален состав и кој може значително да ја подобри состојбата на човекот, како одвнатре, така и однадвор.

Во продолжение прочитајте како можете уште денес да ја подготвите моќната домашна маска.

Волшебна маска за лице со неверојатен подмладувачки ефект

Потребни состојки

  • Млеко, неутрална или кисела павлака (За чувствителна кожа е соодветна киселата павлака, за мрсна кожа- млеко, а за нормална кожа- неутрална павлака)
  • Масло од кардамон
  • Масло од авокадо
  • Масло од роза
  • Бадемово масло

Начин на подготовка

Измешајте 2 кафени лажици павлака, 5-7 капки масло од авокадо, 5 капки од маслото од роза, 5 капки бадемово масло и 5 капки масло од кардамон. Добро измешајте ги состојките.

Начин на употреба

Добиената маска нанесете ја врз лицето и вратот со помош на обичен памучен туфер, притоа потребно е да нанесете повеќе слоеви, така што откако ќе се исуши едниот слој, го нанесувате веднаш другиот.

Оставете ја маската да отстои 15-20 минути, а потоа исплакнете со топла вода..

Се препорачува третманот да го практикувате 2 дена, потоа да направите пауза од 1 ден, а следно да ја повторите 2 дена.

Маската не треба да ја користат дамите кои се алергични на некој од горенаведените состојки.