Сместена на брекот на езерото Турлересе во Швајцарија, оваа современа куќа е дело на архитектонската компанија „Вафаи“, а е соврешно наменета за  секое семејство.

Езерската вила е проект дизајниран со цел клиентите заедно со нивните семејства да го пронајдат својот мир и тишина. Инспирацијата за нејзиниот дизајн потекнува од проучување на самото природно место, како и сите негови елементи, а крајниот резултат е создавање на нежни контрасти меѓу архитектурата и природата. Динамичниот облик на куќата е создаден како остар контраст на бујна шума зад неа.

Површината на ѕидот постепено се претвора во кровен елемент, така што овие динамични линии нè наведуваат да погледнеме кон шумата и да се вклопиме со нејзината убавина, убавината на небото и водата. Комбинацијата од дрво и стакло  се движи постепено, создавајќи природна светлина во едноставен, но многу удобен ентериер, со панорамски поглед.

Динамички отворениот простор започнува да создава илузија на движење уште при самиот влез, создавајќи разиграна сцена што ве води до главната стаклена фасада.