8-годишното куче по име Сем, од расата „ларчер“, бил спасен во 2014-та година од Спасувачкиот Центар за животни во Болтон, Англија и досега бил посвоен трипати.

Сем кој веќе 901 ден чека да ги пронајде вистинските сопственици кои ќе го сакаат и чуваат до крајот на животот, го доби прекарот за „Најосаменото куче во Британија“. Кучето за првпат било спасено пред 5 години, а посвоено 3 пати.

Во засолништето било вратено првпат во 2017-та година, по што за кратко бил повторно вдомен, но по само 6 месеци, сопственикот починал.

Болтонскиот Центар за животни повеќе од 3 години се грижи за Сем и за истиот велат дека е неверојатно убаво кученце со весел карактер, кое за жал во животот нема среќа и постојано се соочува со несреќни околности.

„Сем никогаш не бил вратен по негова вина. Едноставно секогаш се наоѓа во погрешен дом, во погрешно место. Моментално тој е единствениот наш станар кој толку долго живее во Центарот. Тој е многу весел, нежен и ги обожава луѓето. Потребно е да најдеме некој кој вистински ќе се грижи за него, бидејќи Сем не заслужува ништо помалку!“- вели Керен Рикардс, менаџерка на засолништето за животни.

Со срцезатоплувачка објава на Фејсбук страната на Центарот, се објавени фотографии од Сем како весело си игра во тревата со неговата омилена играчка, а притоа во описот стои: „Сем е неверојатно куче, забавно и кое ќе ве натера секогаш да се смеете. Може понекогаш да биде малку мрзелив, обожава да си игра со плишени играчки, а исто така ги обожава и децата. За повеќе информации за неговото вдомување, посетете ја страната www.dogtrust.org.uk