Сите во Обединетото Кралство се изненадени од изјавата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон дека се повлекуваат од нивните кралски должности. Парот објави дека нема да се појавува на официјалните настани.

Сепак, оваа одлука е донесена привремено, а принцот и војвотката одлуката ја донеле со цел да поминуваат што е можно повеќе време со нивните три деца, Џорџ, Шарлот и Луи. Семејството избра да одмара во една од кралските куќи сместени во провинција.

Принцот Вилијам и Кејт процениле дека е време да направат пауза и да земат одмор поради уште една причина, а тоа се неодамнешните скандали и настани поврзани со принцот Хари и Меган Маркл, кои го потресоа кралското семејство.