Хотел со милион места за јадење: Палата каде гостите ги лижат sидовите

Во еден необичен бел хотел во Боливија, едно е сигурно: нема да ви недостасува сол. Хотелот Паласио де Сал бил изграден од милион блокови сол, за што на работниците им била потребна цела година.

Градежниот материјал пристигнал директно од Салар де Ујуни, најсоленото место во светот што изгледа како огромно огледало. Слојот вода што се акумулира за време на дождовната сезона ја претвора рамната, бела површина во небесно огледало во кое небото совршено се отсликува, и изгледа како небото и земјата се среќаваат токму на тоа место.

Не е невообичаено гостите на хотелот да се обидат да ги лижат ѕидовите или мебелот за да проверат дали се навистина солени, ова е потврдено од домаќините.

Да се ​​остане во солена палата е здраво искуство. Паласио де Сал промовира бањски туризам за луѓе кои имаат дерматолошки проблеми, па затоа нудат и третмани како чистење на кожата со сол.

После секоја дождлива сезона, одредени делови од луксузното одморалиште, кое зафаќа 4500 квадратни метри, мора да се обноват бидејќи обилните дождови предизвикуваат голема штета на солените sидови.

Престојот во солено одморалиште чини околу 8000 денари за една ноќ со вклучен појадок. Хотелот е на 25 километри од аеродромот Ујуни и на 15 минути возење од селото за обработка на сол Колчани.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *