Овен

Денот ќе биде исполнет со обврски, особено ако работите во транспортот или во медицински центар. Сите важни задачи треба да бидат исполнети од Вас, без каква и да е помош. Дефинитивно денес нема да е најлесниот ден.

Бик

Денес придржувајте се кон основните обврски и не брзајте да си правите планови за вечерта. Ако ви претстојат средби и разговори закажете ги за втората половина од денот, кога ќе бидете многу поуспешни. Во попладневните часови може да разговарате со шефовите за зголемување на платата.

Близнаци

Втората половина на денот ќе создаде совршени околности за собирање на податоци и контакти со луѓе. Ќе добиете вести од некој што е далеку од Вас. Вашите претпоставки ќе се доста добри и ќе можете да и верувате на интуиција.

Рак

Трезорската сметки ќе Ви ја уништи инспирацијата. Треба да ги прегледате основните цели и да процените што е добро за Вас и што Ви е потребно. Потпрете се на Вашите пријатели за финансиски проблеми. Денес не е погоден ден да се правите херои.

Лав

Утрово ќе бидете под силно влијание од вчерашните настани. Колку поважно е нештото за Вас, толку потешко ќе Ви биде да ја задржите објективноста. Нема да имате реална претстава ниту за успесите, ниту за можностите.

Девица

Не очекувајте другите да имаат енергија колку Вас. Колку повеќе напредува денот, толку повеќе ќе слабее ентузијазмот. Ќе бидете се попрактични, тоа ќе Ви биде од корист. Можно е да пројавите интерес за дополнителна работа. Во никој случај не споделувајте колку заработувате.

Вага

Денот може да почне доста забрзано и силно емоционално. Во втората половина ситуацијата ќе се смири значително. Ќе успеете да ги организирате мислите, па дури и да ја промените тактиката. Пред Вас нема проблеми кои заслужуваат внимание и вознемиреност.

Шкорпија

Во првата половина на денот нема да имате многу енергија. Ентузијазмот ќе се губи и ќе се чувствувате како да сте изгубиле контрола над работите. Вечерта уживајте во домашен комфор и згответе си нешто вкусно. Овие работи дефинитивно ќе Ви го подигнат духот.

Стрелец

Атмосферата околу Вас нуди можности за дружење со интересни луѓе. Денес сте особено активни и имате желба да го промените светот наоколу или барем да го уредите на таков начин што нема да Ве потсетува на стариот. Можно е да дискутирате или правите планови за блиската иднина, поврзани со образование или патување.

Јарец

Денес е погоден ден за одмор, но тешко дека ќе добиете шанса. Комуницирајте со луѓе, читајте книги, весници и списанија – научете нешто ново! Денес може да отидете на шопинг – ѕвездите Ви помагаат да ги најдете најповолните понуди. Едноставно не се ограничувајте денес, сè ќе се нареди по најповолниот начин.

Водолија

Не треба да ги барате изворите на надеж и убаво расположение само во луѓето околу Вас. Тие се кријат и во Вашата душа, побарајте ги и ќе ги откриете. Денес ќе откриете радост во новите знаења и учењето. Можно е да дојде до духовни откритија и потврда за вашите тајни сомнежи.

Риби

Денот ветува само убави искуства и настани. Земете си поука од минатите грешки и оставете ги зад себе, како еден неповолен момент од својот живот. Грешките се неизбежни лекции во животот, кои им помагаат на луѓето да станат подобри. Душата знае за она што сакате да се борите и како да го постигнете – послушајте ја!