Станува збор за прочуениот пилинг со калциум хлорид, кој во светот е уште познат како „Холивудски“ пилинг, кој сега лесно може да го подготвите и вие, во домашни услови.

Ефектот на пилингот со калциум хлорид

Овој козметички третман навистина ја има моќта да направи чуда со кожата, што може да оцените и сами, по неговата употреба. Хемискиот пилинг со калциум хлорид ги прочистува дури и најдлабоките и најнедостапни слоеви на епидермисот.

Истиот практично го „одлепува“ горниот слој од кератинизирани мртви клетки, а истовремено благодарение на овој пилинг ефикасно може да се ослободите од здодевните црнки по линијата на носот и брадата, каде истите најмногу се сконцентрирани.

По третманот, вашата кожа свежа и мазна, буквално како на бебе, а многу дами истакнуваат дека забележале и ефект на затегнување по практикувањето на пилингот.

Кој треба да го практикува овој хемиски пилинг

Овој пилинг не се препорачува за сопственичките на сува и чувствителна кожа, кожа која е склона кон чести воспаленија, осипи и вцрвенување. Исто така не треба да се нанесува на кожа при која има повреди и рани.

Дамите со комбиниран тип на кожа исто така треба да бидат внимателно, односно да го нанесуваат пилингот само по т.н Т-зона (чело-нос-брада).

Но, дури и да имате нормална или масна кожа, не заборавајте претходно да направите тест, за да видите дали кожата реагира добро. Тоа може да го направите со нанесување на мало количество од пилингот на не толку истакнат мал дел од лицето.

Што е потребно за подготовка на  Холивудскиот пилинг

За правило да го приготвите моќниот пилинг во домашни услови на база на калциум хлорид, ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 1 ампула 5% раствор на калциум хлорид. Истиот може да го најдете во аптека.
  • Бебешки сапун: Ниту еден друг сапун нема да биде посоодветен. За време на третманот, сапунот реагира на калциум хлоридот, при што се образуваат мали топчиња. Истите ги отстрануваат мртвите клетки и ја измазнуваат кожата.
  • Памучни туфери: Со истите ќе го нанесете растворот на лицето.
  • Чај од камилица, невен или нане.
  • Маска за лице со смирувачки или навлажнувачки ефект, бидејќи хемискиот пилинг е и еден вид стрес за кожата на лицето, при што маската ќе ви помогне за ублажување на реакцијата и ќе ја смири кожата.

Како да го подготвите пилингот

Чекор 1: Темелно исчистете ја кожата на вообичаениот начин, а потоа исушете ја.

Чекор 2: Отворете ја амулата со калциум хлорид и неговата течност наполнете ја во шприц.

Чекор 3: Потопете памучен туфер во течноста и истиот нанесете го на површината на кожата на лицето.

Чекор 4: Почекајте додека првиот слој на калциум хлорид не се исуши целосно, а потоа на идентичен начин, нанесете го и вториот слој од течноста. Повторете ја постапката дополнителни 4-8 пати.

Чекор 5: Кога ќе се исуши и последниот слој на калциум хлорид, нанесете на кожата од бебешкиот сапун со помош на памучен туфер и внимателно распространете го истиот по клучните линии на лицето. Како резултат на реакцијата, на кожата ќе забележите дека се формирале мали ситни топчиња. Особено внимание обратете на проблематичните зони, при нанесувањето.

Чекор 6: Доколку се јави чувство на непријатност и неудобност при кожата, тоа е индикатор дека треба да престанете со третманот. Исплакнете го лицето со големо количество на топла вода, а потоа избришајте ја кожата со чај по ваш избор и нанесете маска со смирувачки ефект.

Не го практикувајте третманот повеќе од еднаш неделно. По 4-5 третмани, потребно е да направите пауза од 1-2 месеци.