„Омажена сум со човек кој многу го сакам, но чувствата кон мојот поранешен сè уште не се исчезнати целосно. Оваа ситуација ми предизвикува многу измешани емоции и проблеми.“…Во продолжение прочитајте ја приказната на една неверна жена.

„Имам две деца со сопругот. За него се омажив многу брзо откако раскинав со поранешниот, кој многу го сакав. Врската со поранешниот не беше толку бајковита како во романите. Знаеше да биде груб кон мене и често се каравме, но јас секогаш му се враќав.

Живееме во мал град каде сите се познаваат. Неговиот син оди во истото училиште во кое одат моите деца, па затоа се среќаваме многу често. Многу почесто отколку што би сакала да го среќавам. Редовно се среќавам со неговата сопруга на родителски состаноци.

Се обидувам да бидам љубенза со неа, но навистина не можам да ја поднесам. Веројатно е прекрасна личност, но живее со него, па затоа не ја сакам. Се обидов да го заборавам и да го извадам од главата, но едноставно не можам да го заборавам. Јас сè уште го сакам иако не сакам да си признаам.

Секојпат кога ќе го видам, срцето ми чука и ми се појавуваат пеперутки во стомакот и секогаш се обидувам да ги сокријам чувствата. Го сакам мојот сопруг, но се чини дека сè уште сум вљубена во поранешниот. Мојот сопруг е повеќе од добар човек, тој е мојот најдобар пријател, мојата втора половина, татко на нашите деца, но неговата љубов за жал, не може да ми помогне да ги избришам моите стари чувства.

Кога ќе се сретнам со поранешниот, обично одиме на нашето омилено место. Го сакам неподносливо и не можам да одолеам на нагонот да спијам со него. Не чувствувам таква желба со сопругот, тој не знае како да ме заведе со поглед и бакнеж и да ме натера да полудам по него. Не се чувствувам толку потребно и пожелно.

Оваа моја агонија трае веќе неколку години. Понекогаш сакам да признаам сè на сопругот, но се плашам од неговата реакција. Се плашам дека може да го уништи нашето семејство. Се мразам себеси што го изневерив сопругот и се надевам дека еден ден ќе успеам да ја извадам поранешниот од мојата глава и дека целосно ќе ја надминам страста кон него.“

Што мислите вие?