Кај повеќето луѓе систолниот крвен притисок (горната граница) со текот на годините се зголемува. Како резултат на тоа, голем број на возрасни луѓе се соочуваат со „изолирана систолна хипертензија“ или висок крвен притисок, при кој само горната граница е над нормалата. На пример, 150/80.

Поради оваа причина, при зголемување на крвниот притисок, луѓето најчесто посегнуваат по лекарства.

Но, високиот крвен притисок всушност може да биде неутрализиран и по природен пат, а ова го потврдува и истакнатиот германски кардиолог Бернхард Крамер, кој воедно е и директор на универзитетската болница во Мајнхајм.

Според него, промената на начинот на живот е ефикасен мерка во борбата против хипертензија и може значително да ја намали потребата од лекарства.

Дури и вкупно 150 минути на изведени лесни вежби во текот на неделата ќе бидат многу корисни за подобрување на здравјето на срцето.

Крамер притоа истакнува дека повеќето пациенти со хипертензија се со прекумерена телесна тежина, па затоа физичката активност и вежбите ќе допринесат и во процесот на слабеење.

Лекарот исто така советува да се откажете од консумирањето на големи количества сол, заменувајќи ја истата со соодветни природни зачини.

Според Крамер, пациентите со хипертензија треба да практикуваат лесен начин на исхрана, при што дневното мени треба да биде исполнето со многу зеленчуци, овошје, нискомаслени млечни производи и зрнеста храна.

Во дневното мени неопходно е да бидат вклучени и сокот од цвекло и лукот.