Дали ги обожавате кекс тортите? Доколку одговорот е да, тогаш во следниот генијален кекс десерт ќе се вљубите! Мек, ароматичен и вкусен. Еве како да го приготвите.

Генијален кекс десерт

Потребни состојки

  • 3 јајца
  • 1 кафена шолја шеќер
  • 1 кафена шолја кисело млеко
  • 1 кафена шолја масло за готвење
  • 1 тегличка од вашето омилено слатко
  • 1 кафена шолја ореви
  • 1 ванила
  • 1 пециво
  • 2,5 шолји брашно

Начин на подготовка

Со миксер, измешајте ги јајцата со шеќерот, додека нивниот обем не се удвои. Додадете го маслото за готвење при намалена брзина, додека непрекинато мешате. Следно, додадете ги киселото млеко и ванила и повторно добро измешајте ги состојките.

Измешајте ги брашното и пецивото и така додадете ги кон претходните состојки, притоа повторно мешајќи до добивање една хомогена смеса.

На крај додадете од вашето омилено слатко и скршените ореви и повторно промешајте ја смесата.

Преместета ја смесата во соодветен калап, претходно премачкан со масло и со нанесено брашно. Поставете го садот во претходно загреана рерна на 180°C и печете околу 45 минути.

Пријатен апетит!