Очите се сметаат за огледало на душата и тоа напразно: Нивната боја може да раскаже многу за човекот. Експертите на полето на биоенергијата сега ни откриваат какви всушност се луѓето со кафеави очи.

Се смета дека луѓето со кафеава боја на очите се силни личности, кои може да постигнат успех на секое поле во животот. Тие имаа неверојатно силна волја, а покрај тоа познати се и по нивниот бурен темперамент. Сепак, во луѓето со кафеава боја на очите може да имате огромна доверба.

Луѓето со кафеави очи се способни за кратко време да ја постигнат нивната замислена цел и не постои ништо поради кое ќе се откажат од нејзиното остварување. Тие се лидери по природа, а нивен елемент е оганот, кој им дава извонредна сила и енергија да се движат напред.

Тие лесно се вљубуваат и се многу романтични, умеат да изградат здрава врска, но за оваа цел секогаш бараат силен партнер, кој ќе успее да се справи со нивниот притисок од силни емоции, бидејќи во љубовните односи претпочитаат тие да ја имаат контролата во свои раце.

Бурниот темперамент и надреалната страст која овие луѓе ја поседуваат неретко ги прави и вешти манипулатори, но истовремено сепак експертите ги советуваат дека најдобро би било да научат како да ги контролираат нивните емоции.