Да се има сестра во животот е неверојатно чудесно, но едно е сигурно, да се има постара сестра е непроценлив животен подарок, а токму следните 8 причини докажуваат и зошто!

1. Таа е секогаш еден чекор напред, бидејќи го поминала истото што и вие, само со чекорела по полошиот пат, испреплетен со бројни караници со родителите. Затоа денес е гениј кога станува збор за избегнување на непријатните ситуации.

2. Има подобар стил, кој го изградила по многу модни грешки, па затоа може да ви биде одличен моден водич и стилист со кој ќе се консултирате за вашите модни комбинации.

3. Искрена е. Кога никој друг нема да ви ја каже вистината, поголемата сестра секогаш ќе биде до вас, за да директно ви ја каже реалната ситуација, бидејќи се грижи за вас и не сака да ве лаже.

4. Може да научите многу од нејзините грешки. Сите вообичаени класични грешки, кои ги правиме, додека растеме, таа веќе ги има направено и сега може да учиме од нејзините лекции.

5. Таа е вашиот заштитник. Родителите ќе ве пуштат на омилениот концерт или журка само доколку и вашата поголема сестра е со вас.

6. Никогаш не осудува. Колку и да не се согласува со вашите одлуки, таа никогаш нема да ве осуди, туку поддржи.

7. Секогаш е на ваша страна. Без разлика колку пати сте се скарале, во моментите кога имате потреба од нејзината поддршка, таа безусловно ќе застане на ваша страна.

8. Таа е единствената која може да ве направи среќни за една секунда. Таа е со вас од вашиот прв ден, ве набљудува како растете, знае што ве растажува, но и што ве прави среќни.