Во Јапонија повеќето луѓе имаат проблеми во однос на стамбеното прашање и не е лесно да се живее на острови со население од 126 милиони жители, а становите се навистина мали.

И без разлика за каква и големина на домот да станува збор, многу двојки по стапувањето во бракот одлучуваат да спијат одвоено и иако тоа на поголемиот дел од светот му звучи необично, тие имаат свои причини, кои ги сметаат за рационални, а еве и за што станува збор.

За двојките кои се подолго време заедно, страста згаснува и тоа во Јапонија го сметаат за сосема нормален процес. Според нив, љубовта меѓу партнерите не престанува, но веќе нивната втора половина ја гледаат како вообичаен член на семејството, а не најсаканата личност.

Како второ, тие се најпознатите работохолици во светот и често сопругот и сопругата имаат сосема различни распореди за работа и затоа ретко може да го усогласат нивното слободно време.

Потоа, факт е дека јапонските мајки претпочитаат да спијат со нивните деца. Во тој случај, татковците сами мора да одлучат дали да му се придружат на семејството и да не спијат толку удобно или да спијат сами, одделно, а втората варијанта е најчесто изберената.

Што мислите вие за нивните причини да спијат разделени?