Светски познатата Ананди од индиската хит-серија „Малечката невеста“ веќе е порасната и е претворена во модерна девојка која обожава да експериментира со различни модни стилови.

Доказ за тоа се извонредните фотографии кои актерката редовно ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил. Веќе неколку недели во Индија се емитува реприза од серијата и Авика Гора повторно може да се потсети на деновите кога ја стекна својата слава.

Авика никогаш не сокривала колку е горда на тоа што учествувала во серијата.

„Мојата омилена реплика од сите дијалози е „Кога лажеш, носот ти расте.“ Се чувствувам исклучително горда на себеси.“

Исто така актерката открива дека за нејзината совршена фигура се заслужни постојаните тренинзи, танцувањето, диетите и правилната исхрана, благодарение на кои нема проблеми со својот изглед и тежина.