Парис Џексон е популарен модел и амбициозна актерка, но за повеќето, таа едноставно останува да биде позната како единствената ќерка на легендарниот Мајкл Џексон.

Таа е средното од трите деца на кралот на поп музиката и негова единствена ќерка. Нејзината мајка, Деби Роу, по професија е медицинска сестра, која порано го лекувала Мајкл од витилиго, а нивниот брак траел само 1 година.

Кумови на прекрасната девојка се актерите Меколи Калкин и Елизабет Тејлор, а Парис целото нејзино детство го помина на познатиот ранч на Џексон – Neverlend.

Иако поради долговите на нејзиниот татко, Парис не успеа да го наследи неговото богатство, сепак според нејзините изјави, таа сепак најмногу тагува што го изгубила Мајкл, кој бил цел нејзин свет. Поради огромната болка по нејзиниот татко и бројните скандали, младата девојка до 2017-та година се обидела да се самоубие дури 4 пати.

„Секој вели дека времето лечи сè. Но, не е точно. Едноставно се навикнуваш да живееш со таа болка.“ – открива Парис.

Парис Џексон денес е успешен модел кој соработува со врвни брендови како Келвин Клајн, а има и повеќе соработки со Вог, притоа младата девојка е неколку пати прогласувана за најубав модел на светот.