„Родив тројца синови, сите пораснаа, завршија училиште и подоцна се оженија. Сите создадоа свои семејства и живеја заедно со нивните сопруги, одделно од мене. Еден ден решив да го посетам најстариот син и притоа го замолив една ноќ да преспијам кај нив.“

Во продолжение прочитајте ја емотивната приказна на стара жена, која носи моќна порака:

„Следното утро посакав снаат да ми донесе чаша вода. Ми донесе голема чаша од која требаше да се напијам. Испив сосема малку, а остатокот случајно се излеа на креветот, каде што спиев. Кога снаата повторно дојде да ми донесе чај, кажав што ненамерно се случи со водата, по што истата веднаш ми се развика со висок тон, навредувајќи ме. Беше лута и рече дека сега поради мене ќе мора да ја испере постелнината. Дури ме предупреди дека ако уште еднаш ми се случи вакво нешто, нема да дозволи да спијам кај нив. Се обидов некако да го сокријам моето разочарување, а потоа веднаш си отидов.

Следниот ден решив да го посетам мојот среден син, за да поминам малку време и со нив. Ја повторив истата сцена со водата. Овој пат беше уште полошо. Мојата снаа се надвикуваше на цел глас, ме навредуваше и сето тоа, во присуство на мојот син. Тој едноставно само гледаше и слушаше. Не се обиде ниту еднаш да ја заштити мајка си. Веднаш заминав.

Отидов да го посетам мојот најмал син. Ја поминав ноќта таму и повторно го направив истото со водата. Кога снаата дојде, реков дека постелнината е малку мокра поради водата, на што таа одговори: „Воопшто не се грижи, тоа често може да им се случи на постарите. Колку пати ние кога сме биле деца, истото ни се случило.“, а потоа веднаш го среди креветот и се насмевна.

За време на појадокот, се обратив кон мојата снаа и реков: „Дете мое, една моја пријателка ми даде пари за да купам златна огрлица, бразлетна и обетки за нејзината ќерка. Не ја знам точната големина, но таа е колку тебе. Би сакала да те прашам, дали ќе ми дозволиш да измерам на тебе?“.

Ги зедов потребните мерки и веднаш отидов до златарата да купам скап накит. По извесен период, ме посетија моите синови заедно со снаите. Откако заврши ручекот, го поставив накитот на масата и им реков дека намерно додека престојував кај сите тројца, го направив тестот со водата. Го зедов накитот и го поставив на мојата најмала снаа и реков: „Бог не ми подари ќерка, туку тројца синови. Но, таа е мојата ќерка и ако Бог ми дозволи, би сакала последните денови да ги поминам токму покрај неа и нејзината добрина!““