Сите знаеме дека должината на животникот век е поврзана, покрај начинот на живот, е поврзана и со самите гени, кои ги носиме во нашата ДНК. Но, сега научниците нè изненадуваат со нови необични тврдења.

Односно, експертите од универзитетот Кембриџ, по спроведеното истражување дојдоа до заклучок дека и бојата на косата е фактор кој влијае врз должината на животниот век.

Специјалистите испитувале геном на повеќе од 100.000 луѓе, притоа испитаниците биле поделени во 2 групи. Во едната група биле доброволците со светла, а во втората група, оние со темна коса. Истражувањето докажало дека кај луѓето со темна боја на коса, пубертетот започнува порано, отколку кај оние со светла коса.

Раниот пубертет понекогаш доведува до зголемен ризик од проблеми со срцето и крвните садови, како и ризик од појава на дијабетес. На овој начин, животниот век може да биде пократок од оној на луѓето со светла коса.

Кај луѓето со светла боја на косата, телото не доживува ваква преоптеретеност на рана возраст и истите живеат подолго. Научниците овој заклучок го објаснуваат преку постоењето на хипофизата, жлездата која е одговорна за производството на хормоните кои влијаат врз пигментацијата и го регулираат созревањето на половите жлезди.