Претседателските избори во САД се главна тема со денови, недели, па дури и месеци ширум светот, па секако, астролозите се вклучија во истите со своите предвидувања.

Некои предвидуваат како ретроградниот Меркур ќе влијае на изборите, а некои ги споредуваат хороскопските знаци на Доналд Трамп и Џо Бајден и така се обидоа да откријат кој од нив ќе биде претседател.

1. Доналд Трамп – Близнаци

Доналд Трамп е роден во знакот на Близнаци. Близнаците, според астролозите, се луѓе кои знаат како да ги воодушеват сите околу нив. Сепак, ова е само половина од нивната двојна личност. Другата страна е темна и манипулативна. Тие сакаат драма и озборувања и остануваат верни на само неколку луѓе. Тие знаат како да ја играат играта и ништо нема да ги спречи на патот кон врвот и остварување на целите.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Џо Бајден – Скорпија

Џо Бајден е роден во знакот на Скорпија. Скорпиите се знак на мистерија, тајни и манипулација. Веруваат на многу малку луѓе и само малкумина имаат „чест“ да им се приближат на овие сложени умови. Тие се напаѓачи кои чекаат совршен момент за напад. Тие се пресметливи и внимателно го мерат секој нивен нареден чекор.