За време на познатото тениско првенство Ролан Гарос, во 2018-та година, во мечот против Кристина Плискова, американската тенисерка Серена Вилијамс предизвика бура од реакции бидејќи се појави облечена во црн комбинезон, со кој ги прекрши сите правила.

Во овој спорт строго е забранет сопствен стил на облекување, при што со појавата во комбинезон од Најк, Серена сосема ја разбесни француската тениска федерација.

Таа го носеше комбинезот од причина што пред само некое време во тој период ја имаше родено својата ќерка и од здравствени причини мораше да ја носи облеката, но ненамерно предизвика сосема други реакции.

И покрај медицинските причини, костимот на тенисерката беше оценет како неприфатлив и непочит кон овој спорт.Серена подоцна смета дека реакциите ги смета за сексистички, по што ја доби поддршката од своите фанови.

Затоа оваа година, на еден начин испровоцирана од тогашниот скандал, славната тенисерка триумфално се врати на спортската сцена и се појави во модно издание креирано до Вирџил Абло во соработка со Најк, авангарден костим кој е според критериумите на федерацијата, но со себе носи моќна  порака.

Облеката се состоеше од горен дел и здолниште, во црна боја со бели линии на кои беа испишани зборовите „Шампион“, „Мајка“, „Кралица“ и „Божица“, и тоа генијални смилено и напиашно на француски јазик.