Доколку не сте голем обожавател на купечките производи и ги претпочитате домашните третмани за убавина, на база на природни состојки, тогаш вреди да се даде шанса на оваа чудесна маска!

Домшна маска за мазно лице без брчки и неправилности

Потребни состојки

  • Мед
  • Куркума

Начин на подготовка

Подготвувањето на оваа домашна маска е многу лесно. Едноставно измешајте ги состојките во сооднос 1:1. Добро измешајте ги, а добиената смеса нанесете ја на лицето и оставете ја маската да дејствува 10-15 минути.

По потребното изминато време, измијте ја маската со топла вода.,

Маската може првично малку да ја бојадиса кожата, па затоа не се препорачува да ја правите непосредно пред да излезете од домот, односно најдобро е да ја правите за време на викендот.

Зошто оваа маска има моќен ефект?

  1. Мед– Ги затегнува порите, ги отстранува брчките, го ублажува воспалението на кожата, ги отстранува акните, го подобрува клеточното дишење, подмладува, има антиоксидантен ефект.
  2. Куркума- Содржи селен, фосфор, магнезиум, железо, цинк, бројни витамини, образува здрав тен на кожата, ја поттикнува регенерацијата на клетките, ја освежува кожата и има чудесен подмладувачки ефект.